Куќата во Лондон изгледа како колиба и чини 750.000 фунти

Куќа во Лондон која однадвор изгледа како колиба е всушност нешто сосема друго.

Кога се гледа од улица, куќата изгледа како мала сива колиба, но нејзината внатрешност крие големо изненадување што ја „оправдува“ нејзината цена од 750.000 фунти.

Внатре има многу повеќе простор отколку што се очекуваше, а има и „скриен“ долен кат.

На тој кат има отворена кујна со трпезарија, дневна соба, додека скалите водат до две спални соби и две бањи, како и просторија за складирање. Зад куќата има мала патека што претставува дополнителен простор.

Куќата се наоѓа на северот од Лондон, а нејзината површина е 73 квадратни метри.

Јавниот превоз е многу близу, како и продавниците, рестораните и паркот Clissold.