Септември 28, 2023
Трендинг :

Конзолата PlayStation 5 е продадена во повеќе од 10 милиони примероци ширум светот

Sony Interactive Entertainment објави дека има продадено повеќе од десет милиони PlayStation 5 конзоли ширум светот, што ја прави најпродаваната конзола во историјата на Sony.

Повеќе од десет милиони конзоли на Плејстејшн 5 се продадени до 18 јули годинава, што е голем успех за Сони, кој и покрај пандемијата и проблемите со поголема дистрибуција низ целиот свет, постигна вакви резултати.

Новиот начин на играчко искуство низ целиот свет досега го испробаа повеќе од десет милиони сопственици на PlayStation 5, а во следните месеци ќе имаат бројни игри од студијата на PlayStation како што се: God Of War, Gran Turismo, Horizon Forbidden West и многу други игри во соработка со други партнери како што се Battlefield 2042, DEATHLOOP, Far Cry 6 и Ken: Bridge of Spirits.

"Ние сме неверојатно благодарни на нашите обожаватели за одличното прифаќање на конзолата PlayStation 5 и нашето растечко портфолио на забава за игри. Без нивната поддршка и доверба, овој успех немаше да биде возможен. Ние постојано напредуваме со тимот и сакаме да овозможиме достапност на конзолите ширум светот и го чекаме денот кога сите кои сакаат PlayStation 5 да може да го купат многу лесно “, велат од SIE.

Nintendo Switch OLED, ќе се продава од октомври

https://www.youtube.com/watch?v=4mHq6Y7JSmg

По повеќемесечни шпекулации, конечно знаеме како ќе изгледа освежената верзија на рачната конзола на Nintendo’s Switch.

Конзолата, наречена Nintendo Switch OLED, беше откриена преку Twitter профилот на Nintendo, а нејзините спецификации во голема мера се совпаѓаат со оние што се појавија во медиумите во последните месеци.

Новата конзола има 7-инчен OLED екран, што е поголем од 6,2-инчниот LCD-екран во случај на претходниот модел.

Продажбата започнува на 8 октомври оваа година по цена од 349,99 УСД, додека сегашниот модел чини 299,99 УСД. Исто така, Switch Lite е со цена од 199,99 долари. Цената кажува дека новиот модел ќе биде поскап од претходниот, а неговата главна предност е OLED екранот.

OLED технологијата се смета за една од најдобрите на пазарот и, за разлика од LED технологијата, не се потпира на позадинско осветлување за прикажување на слики. Наместо тоа, тој прикажува слики користејќи светлина што ја емитува секој поединечен пиксел, што значи дека може да се добие совршена црна боја, како и поголеми нивоа на контраст.

OLED-екранот е поголем и од ЛЕД-екранот, што ќе биде корисно кога играте одредени игри со пријатели како Mario Kart 8 Deluxe. Исто така, ќе овозможи подобро искуство со играњето на The Legend of Zelda: Breath of the Wild 2 кога играта конечно ќе се појави на пазарот во 2022 година.

Новата конзола обезбедува подобрен звук и поширок прилагодлив држач. Исто така, нова е поддршка за жичен LAN, што е олеснување за оние кои сметаат дека онлајн игрите не се најстабилни и најсигурни кога се играат преку безжична мрежа.

Исто така, внатрешната меморија е зголемена од 32 на 64 GB, а поддржани се и microSD картички. Подобрен е и приклучокот за Nintendo Switch, кој сега има заоблени рабови и помодерен дизајн.

Батеријата може да трае помеѓу 4,5 и 9 часа, а за полнење потребни се околу три часа. Корисниците имаат на располагање 3,5 мм приклучок за слушалки USB конектор за полнење Type-C и слично.

GTA 6 се претпоставува дека ќе се појави 2025 година

Најновите информации велат дека гејмерите ќе чекаат до 2025 година за играта Grand Theft Auto 6.

Познатиот јутубер Том Хендерсон претходно навести дека GTA 6 ќе се појави на пазарот во 2025 година и дека ќе се одвива во модерниот град Vice City. Според него, мапата ќе се развива и менува, исто како што мапата на Fortnite се менува за време на нови сезони или настани.

Тврдењата на Хендерсон ги поддржуваат изјавите на новинарот на Блумберг, Џејсон Шрејер, кој изјави дека GTA 6 е сè уште во рана фаза на развој и ќе има мапа што ќе се развива и проширува.

Тоа значи дека гејмерите ќе мора да чекаат уште четири години за GTA 6, што не е добра вест за нив.

Rockstar моментално работи на верзијата GTA: 5 Enhanced Edition за PlayStation 5 и Xbox Series X, што се очекува да излезе на 11 ноември 2021 година. Remaster носи неколку новини, а гејмерите ќе ја добијат GTA Online бесплатно до февруари 2022 година.

GTA 5 се продаде во 130 милиони примероци откако се појави пред седум години, и сеуште е на врвот на листата на бестселери и покрај нејзината старост. GTA 5 првпат се појави на PlayStation 3 и Xbox 360 во 2013 година, на PlayStation 4 и Xbox One пристигна во 2014 година, и на компјутер во 2015 година.

Погледнете го првиот трејлер за играта Forza Horizon 5

Forza Horizon 5 е следниот наслов во франшизата Forza, а сега е објавен и првиот трејлер.

Играта Forza Horizon 5 пристигнува во конзолите Xbox Series X, Xbox Series S и Xbox One, како и на компјутер на 9 ноември, а ќе биде достапна од првиот ден преку Xbox Game Pass.

Играта е развиена од „Playground Games“, и е симулација на возење од отворен свет што ги носи играчите во разни прекрасни делови на Мексико, вклучувајќи вулкани и дождовни шуми.

https://www.youtube.com/watch?v=FYH9n37B7Yw

Хакери нападнале сервери на Electronic Arts, украле 780 GB податоци

Хакери нападнале сервери на Electronic Arts и украле голема количина на податоци. Меѓу другото, тие го украдоа изворниот код за FIFA 21.

Додека повеќето луѓе се еуфорични затоа што конечно се покажа нешто конкретно во врска со Elden Ring. Имено, серверите на Electronic Arts претрпеа голем напад од анонимни хакери, кои украдоа 780 гигабајти податоци, вклучувајќи го и изворниот код за играта FIFA 21, нејзиниот систем за склопување средби и алатката Frostbite Engine.

Frostbite всушност се основа и на други популарни мултиплеер игри на Electronic Arts, на пр. Battlefield, затоа е загрижувачки како ќе изгледа иднината на овие игри. За очекување е дека ЕА ќе има големи проблеми со измами во своите "multiplayer" игри.

Хакери веќе се пофалија на „андерграунд“ форумите дека сите податоци, кодови и алатки за изработка се на продажба. Electronic Arts се огласи за целиот случај. Тие потврдија дека хакерскиот напад навистина се случил, но велат дека податоците за корисниците не се опфатени и тие не треба да се грижат дали некој ќе им ги украде личните податоци.

„Ние истражуваме неодамнешен инцидент со кражба во нашата мрежа, каде што беа украдени одредена количина на изворни кодови на игри и алатки за нивно правење. „Податоците за играчите останаа недопрени и нема причина да се верува дека приватните податоци на играчите се изложени на ризик“, се вели во соопштението.

„Ние веќе направивме безбедносни подобрувања и повеќе не очекуваме никакво влијание врз нашите игри и нашиот бизнис. Активно соработуваме со агенциите за спроведување на законот и другите експерти кои се дел од оваа кривична истрага “.

Сè уште не е познато како хакерите успеале да го извршат нападот, ниту што всушност поседуваат и како тоа може да влијае на игрите погодени од нападот, но судејќи според неодамнешните случаи на „Capcom“ и „CD Projekt“, нема да чекаме премногу долго за расплет на целиот случај.

Во играта GTA 6 гејмерите наместо пари можеби ќе имаат можност да добиваат криптовалути

Кога конечно ќе се појави на пазарот, Grand Theft Auto 6 може да ги награди гејмерите со крипто валути.

Познато е дека по успешна мисија гејмерите добиваат одредена сума на пари, а сега славниот типстер Том Хендерсон тврди дека оваа практика може делумно да се смени кога ќе пристигне играта GTA 6 и дека гејмерите би можеле да бидат наградени со крипто валути како Bitcoin наместо со готовина на некои од мисиите.

Сè уште не е познато како ќе се вика измислената криптовалута, но Хендерсон рече дека таа нема целосно да ги замени парите, но дека најверојатно ќе се користи како алтернатива.

Криптовалутите ќе ги користат позначајни ликови кои сакаат брзо да завршат голема трансакција со пари, при што ќе биде невозможно да се следи трансакцијата.

Гласините велат дека сепак ќе ја чекаме GTA 6 дури до 2023 година.

Activision работи на мобилна верзија на Call of Duty: Warzone

Activision работи на мобилна верзија на Call of Duty: Warzone

Activision наводно работи на мобилна верзија на својата популарна игра Call of Duty: Warzone.

Activision неодамна објави оглас за вработување на својот профил на LinkedIn затоа што ангажира програмери за COD Mobile и Warzone, што е индикација дека компанијата планира да развие мобилна верзија на Warzone.

Ова не е првпат да се појавуваат гласини за доаѓањето на играта Call of Duty: Warzone насочена кон мобилни уреди. Минатата година, Activision бараше извршен продуцент за да донесе некои новитети во Warzone на Call of Duty Mobile. Покрај тоа, во март годинава беше спроведено истражување со кое се бара одговор од гејмерите дали сакаат новитети на Warzone во играта COD Mobile. Ова навестуваше пристигнување на одлики од игрите Warzone или COD Black Ops 4 во COD Mobile.

Се шпекулира дека Call of Duty: Warzone Mobile може да се појави кон крајот на следната година.

Activision веќе има една мобилна игра со режим на battle royale, а исто така ангажира и развивач за надградба на студија за развој на мобилни игри.

Заедницата за мобилни игри расте, бидејќи многу игри од компјутер го најдоа патот до мобилните уреди и јасно е дека Activision сака да профитира на ист начин.

Grand Theft Auto V пристигнува на PlayStation 5 и Xbox Series X во ноември

Grand Theft Auto V пристигнува на PlayStation 5 и Xbox Series X во ноември

Една од најпопуларните и најпродаваните игри на сите времиња, Grand Theft Auto V, пристигнува на конзолите од следната генерација на крајот на годината.

Rockstar објави дека Grand Theft Auto V и неговиот онлајн spinoff ќе бидат достапни за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X од 11 ноември оваа година.

Кои промени не очекуваат кога станува збор за верзијата на играта за новите конзоли, сè уште не е познато, но Rockstar вели дека таа ќе биде „проширена и подобрена“. Исто така, сè уште не е јасно што ќе значи сето ова за играчите кои веќе ја поседуваат играта. Во меѓувреме, GTA Online ќе биде достапен како самостоен наслов, а Sony претходно соопшти дека ќе биде бесплатен за сите корисници на конзолата PS5 во текот на првите три месеци од достапноста.

Иако GTA дебитираше во 2013 година на конзолите PS3 и Xbox 360, се покажа дека е долгогодишен хит кој трае три генерации. Издавачот Take Two тврди дека до денес, играта е продадена во 140 милиони примероци.