Во играта GTA 6 гејмерите наместо пари можеби ќе имаат можност да добиваат криптовалути

Фото: gizchina

Кога конечно ќе се појави на пазарот, Grand Theft Auto 6 може да ги награди гејмерите со крипто валути.

Познато е дека по успешна мисија гејмерите добиваат одредена сума на пари, а сега славниот типстер Том Хендерсон тврди дека оваа практика може делумно да се смени кога ќе пристигне играта GTA 6 и дека гејмерите би можеле да бидат наградени со крипто валути како Bitcoin наместо со готовина на некои од мисиите.

Сè уште не е познато како ќе се вика измислената криптовалута, но Хендерсон рече дека таа нема целосно да ги замени парите, но дека најверојатно ќе се користи како алтернатива.

Криптовалутите ќе ги користат позначајни ликови кои сакаат брзо да завршат голема трансакција со пари, при што ќе биде невозможно да се следи трансакцијата.

Гласините велат дека сепак ќе ја чекаме GTA 6 дури до 2023 година.