Конзолата PlayStation 5 е продадена во повеќе од 10 милиони примероци ширум светот

Фото: unsplash

Sony Interactive Entertainment објави дека има продадено повеќе од десет милиони PlayStation 5 конзоли ширум светот, што ја прави најпродаваната конзола во историјата на Sony.

Повеќе од десет милиони конзоли на Плејстејшн 5 се продадени до 18 јули годинава, што е голем успех за Сони, кој и покрај пандемијата и проблемите со поголема дистрибуција низ целиот свет, постигна вакви резултати.

Новиот начин на играчко искуство низ целиот свет досега го испробаа повеќе од десет милиони сопственици на PlayStation 5, а во следните месеци ќе имаат бројни игри од студијата на PlayStation како што се: God Of War, Gran Turismo, Horizon Forbidden West и многу други игри во соработка со други партнери како што се Battlefield 2042, DEATHLOOP, Far Cry 6 и Ken: Bridge of Spirits.

"Ние сме неверојатно благодарни на нашите обожаватели за одличното прифаќање на конзолата PlayStation 5 и нашето растечко портфолио на забава за игри. Без нивната поддршка и доверба, овој успех немаше да биде возможен. Ние постојано напредуваме со тимот и сакаме да овозможиме достапност на конзолите ширум светот и го чекаме денот кога сите кои сакаат PlayStation 5 да може да го купат многу лесно “, велат од SIE.