Дали пивото не прави попаметни?

Фото: unsplash

Една неодамнешна студија од Универзитетот во Илиноис покажа дека конзумација на пиво може да ги направи луѓето попаметни, особено кога станува збор за креативно решавање проблеми.

Во истражувањето учествувале 40 мажи на возраст од 21 до 30 години. Половина од групата пиеле по две кригли (околу 0,56 л) пиво, додека другите учесници не консумирале алкохол. Сите тие мораа да решат серија задачи со асоциации (им беа дадени збир на зборови со кои требаше да предложат збор што се вклопува во тој сет).

Резултатот?

Групата што консумирала пиво решавала 40% повеќе задачи отколку нивните трезни колеги, а исто така им требало помалку време за да ги решат задачите! Од друга страна, испитаниците кои конзумирале пиво и подобро решавале креативни задачи имале полоши резултати на тестовите за меморија.

Нашиот мозок може да работи толку брзо како и најбавната мозочна клетка. Исто така, знаеме дека прекумерната конзумација на алкохол ги убива мозочните клетки. Но, природно е дека алкохолот прво убива бавни и слаби мозочни клетки. На овој начин, редовното конзумирање пиво ги елиминира најбавните мозочни клетки, и го прави мозокот побрза и поефикасна машина.