Џиновска 3Д мачка го привлекува вниманието на жителите на Токио

Фото: Screenshot / Twitter

Џиновска 3Д мачка се појави на билборд во Токио над една од најпрометните железнички станици во градот. Иако станува збор за тест-пренос, таа веќе го привлекува вниманието на жителите на јапонската престолнина и стана многу популарна на социјалните мрежи.

Се емитува од 7:00 часот, а видеото се менува во текот на целиот ден. Мачката прво се појавува наутро, а до попладне може да се види како стои и мјаука над минувачите. Вечерта си легнува и заспива со главата потпрена на шепите.

За оние што не можат да ја посетат лично, една од компаниите што стојат зад проектот, Cross Space, започна во живо да го прикажува билбордот преку YouTube.