Е ова се гејмери! Никој не се грижи за поплавата - Играта мора да заврши

Фото: twitter / Screenshot

Монсунските дождови и силниот ветер на Филипините предизвикаа големи проблеми, близу 25 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплави и лизгање на земјиштето, но овие деца не ни помислија да ја прекинат играта.

Тие останаа безгрижни седејќи во водата од половината и играјќи видео игри, и покрај тоа што беа опкружени со бројни кабли. Им се закануваше катастрофа, сопственикот на тоа интернет кафе се обиде да ги избрка, но друштвото одлучи да ги заврши започнатите онлајн игри по цена на нивниот живот.

Сцената е снимена во четвртокот во Кајнт, недалеку од Манила, а сопственикот на играчницата, Сио Самсон, потврди дека децата се живи и здрави.

- Кога водата почна да надоаѓа, се што беше поврзано со електрична енергија беше подигнато на ѕидовите. Како и да е, ги молев да престанат да играат и да си одат дома, но тие го сторија тоа откако ги завршија битките што ги водеа во дигиталниот свет - рече тој.