Хирург објавил слика со пациент и две кокошки: Приказната која стои во позадина ќе ве растажи
Во денешниот свет, богатите стануваат побогати од ден на ден, а сиромашните веќе немаат ниту основни човечки потреби. Дури и некогашната средна класа често едвај врзува крај со крај и не може да си го дозволи она што би можеле да го направат некои претходни генерации. Малкумина од нас можат да преземат чекори по тоа прашање, но затоа никој не не спречува да бидеме добронамерни и да имаме чисти души.
А дека тоа вреди повеќе од пари, сведочат овие фотографии направени пред неколку дена во Боливија. Тие беа објавени од хирургот Алваро Рамало Замора, кој оперираше простата на неименуван постар господин.
Сиромашен човек со загрозено здравје немал средства да плати за операцијата, па парите потребни за постапката ги донирало едно здружение.
Токму Хирургот побара од здружението „José Ramallo Guillen“ да се вклучи во случајот, и како благодарение на тоа пациентот немал апсолутно никакви финансиски обврски, но тој сепак не сакал да остане должен. Тој му донел на хирургот она што најмногу можел и имал - две кокошки. Така му се заблагодарил на хирургот.
Хирургот бил длабоко трогнат од неговиот гест, особено затоа што се сетил на неговиот покоен татко, исто така поранешен лекар, кој исто така им помаглал на луѓето со скромни приходи.
Однесувањето на двајцата длабоко трогна многу луѓе низ целата земја.