Италија за свадба во Рим на паровите ќе им плаќа 2.000 евра

Регионот во централна Италија им нуди на паровите грант од 2.000 евра за организирање свадби во областа во обид да го зајакне бизнисот со угостителските објекти и локалниот сектор за свадби по пандемијата.

Регионот Лацио, кој го вклучува главниот град на Рим, е вториот најнаселен регион во Италија.

Според иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за поврат до 2.000 евра на италијанските и странските парови кога купуваат услуги или производи од локални угостители, планери за свадби, цвеќари или компании за планирање венчавки.

Сите свадби одржани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе имаат право грант.

Грантот може да ги покрие и трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбена забава.

Официјалната веб-страница на регионот вели дека се надева дека грантовите ќе го поттикнат бизнисот во областа и ќе им помогнат на локалните добавувачи да се опорават од економските последици од пандемијата „Ковид-19“.

Италија има една од највисоките стапки на смртност од Ковид во светот и е една од првите земји што воведе карантин.