Најстарата инфлуенсерка во светот за една објава на Инстаграм заработува 8.000 евра
Кога ќе го слушнете поимот инфлуенсер, особено кога станува збор за Инстаграм, сигурно ќе помислите на една млада личност, која изгледа како една од најпопуларните светски звезди. Сепак, Хелен Рут Елам (91), позната на Инстаграм како Baddie Winkle, исто така докажува дека тоа не е правило.
Таа докажа дека младите не се клучни за успех на Интернет, каде повеќето луѓе се „млади, убави и успешни“.
Според истражувањето на една страница, која се занимава со заработка на инфлуенсери, Хелен заработува многу повеќе од нејзините помлади и попознати колеги.
Нејзиниот профил го следат 3,5 милиони луѓе, а за една објава во просек заработува 8.000 евра.
Секако не е изненадувачки што е толку популарна, бидејќи нејзините придружници се воодушевени од нејзините весели модни комбинации, дури и костими за капење, кои го отсликуваат нејзиниот весел дух.