Погледнете како изгледа вулканска ерупција од најблиска можна перспектива

Јутјуберот "Joey Helms" сними фантастично видео од вулканската ерупција со неговото беспилотно летало DJI FPV. Беспилотното летало паднало во лавата на вулканот Фаградалсфјал, обезбедувајќи волшебен поглед одблизу на кратерот кој еруптирал.

Овој уникатен HD-кадар овозможува редок поглед директно во лавата на вулканот за време на една од неговите ерупции.