Погледнете каков нов моден тренд владее на плажите

Заштитата од сонце е многу неопходна, покрај кремите и удобната облека, во фокусот овие денови е т.н. фејскини - маска дизајнирана за заштита на кожата на лицето. Маската покрива сè освен очите и веќе е голем хит во Азија, а особено е популарна во Кина. Овој моден додаток е изработен од истиот материјал како и костимите за капење и може да се купи во различни бои и дезени, а чини околу 3 долари.