Постојат две легенди за чукнување со чаши, а едната од нив е и застрашувачка

Фото: unsplash

Ретко е собир или прослава што може да помине без познатото „чукнување“ на чаши.

Легендата за чукнување со чашите

Една од легендите вели дека во средниот век, луѓето се чукнувале со чашите за да ги истераат демоните. Приказната е поврзана со црковните ѕвона, за кои се верува дека звукот ги истерува сите темни сили.

Во средновековните дворци во Европа, непријателите биле „отстранувани“ со ставање на отров во вино. Откако оваа „тајна“ станала позната, за да ја добие довербата кај гостите, домаќините на големите гозби силно ja чукнувал чашата со чашите на гостите за да им се измешаат пијалоците, а гостите тогаш биле сигурни дека отровот не се крие во нивните вина. Оттука и обичајот домаќинот секогаш прв да го проба виното пред да им го понуди на гостите.