Снимија опасна шега за ТикТок, и завршија во ЗАТВОР! Можеше да заврши и трагично
Потребата на младите да се експонираат на социјалните мрежи со разни шеги и предизвици, пред се на ТикТок, заврши во овој случај со солзи за главниот лик на видеото, но и за двајца негови соработници.
Судот во Казабланка го осуди на три години затвор, додека „споредниот актер“ и девојчето што ја сними цела ситуација добија по две години затвор! Не е можно да се жалат за пресудата, затоа овие млади луѓе ќе поминат дел од своите најдобри години зад решетки.
Возачот на трамвајот доби обештетување од 40 илјади Марокански дирхами, а на социјалните мрежи се дискутираше дали казната навистина е соодветна за злосторството.