Со заби повлекол тенк тежок 40 тони
Атлетичарот од Унгарија, Золт Синка, со заби влечел тенк Т-72 тежок над 40 тони.
Овој настан беше организиран во касарната на 25-та бригада Ѓерѓ Клапка опремена со тенкови Т-72 и Леопард 2А4ХУ, а предизвикот кој беше пред спортистот беше пренесуван во живо на телевизија.
За потсетување, Золт во 2013 година со заби влечеше авион тежок 50 тони околу аеродромот.