Застрашувачка снимка: Ајкула скокна од водата и на човекот му откина дел од ногата

Човекот го загубил задниот дел од стапалото, како и неколку мускули откако беше нападнат од ајкула.

На снимката се гледа 37-годишен маж од Јордан како лета над површината на Црвеното Море пред ајкулата да скокне и да го гризна за ногата. Тој го загубил задниот дел од стапалото, оставајќи искинати мускули и скршени коски по нападот.

Службата за итни случаи го однесе во воената болница „Принц Хашем“, во пристанишниот град, каде беше опериран на десната нога. Неговата состојба е опишана како стабилна.