Зграда од десет спратови изградена за помалку од 29 часа

Благодарение на модуларните градежни системи, кинеската компанија успеа да подигне десеткатница за 28 часа и 45 минути.

Компанијата “Broud Grup” најпрво ги изработи сите делови во локалната фабрика во Чангшу, кои потоа беа транспортирани до градилиштето.

Со помош на три кранови и голем број работници, зградата беше подигната, и оваа постапка, очигледно, ќе доведе до нова револуција во градежната индустрија.

За да се поедностават работите, зградите ќе се градат како автомобили во иднина, со составување делови.

Експертите објаснуваат дека процесот на градење е крајно едноставен.

Структурата на зградата е изработена од не'рѓосувачки челик и е десет пати полесна и 100 пати посилна од конвенционалните згради. Отпорна е на силни земјотреси и тајфуни.

Ваквите згради се значително поевтини од традиционалните градби, главно заради поедноставениот процес на производство.

Модуларната зграда има изолација со дебелина од 22 сантиметри, стаклени прозорци со три или четири рамки и паметен систем што заштедува енергија до десет пати.

Компанијата „Broud Grup“ тврди дека ваквата зграда ќе трае илјада години бидејќи е изработена од 100 проценти нерѓосувачки челик и затоа е 30 пати поотпорна на корозија.