Поранешен работник во фабрика стана ТикТок звезда: Не кажува ни збор, а има милиони

Фото: Screenshot / TikTok

21-годишникот откако ја изгубил работата во фабриката, решил, како и повеќето млади, да се посвети на модерните содржини.

По враќањето во семејната куќа, Khaby Lame не сакал да најде нова работа, па започнал да снима содржини на ТикТок.

За една година, тој стана една од главните сензации и го следат скоро осумдесет милиони луѓе. Иако не кажува ниту еден збор, неговите видеа се најгледани. Луѓето се заинтересирани за неговиот израз на лицето.

Снимките на ТикТок главно се базираат на животни трикови, посочувајќи ги нивните апсурди и како да се поедностават одредени секојдневни работи.

- Кога имав 10 милиони следбеници, сфатив дека навистина ми оди добро, а сега ја работам оваа работа како работа со полно работно време - изјави Khaby.