Официјални претставници на лотарија велат дека една жена во Германија носела добитен тикет во чантата со недели, дури и без да знае дека вреди околу 33 милиони евра (39 милиони долари).
https://twitter.com/CBS21NEWS/status/1420425064634224649?s=20
Како што објавија во средата, 45-годишната жена е единствената која е добитничка на ждрепката на 9 јуни, имала точно седум погодоци на тикетот на германската лотарија, објави АП.
- Се уште ми се врти во главата кога помислувам дека безгрижно носев скоро 33 милиони евра во чантата неколку недели - рече таа откако сфати дека таа е добитничката.
https://twitter.com/Tagesspiegel/status/1420378954146455556?s=20
Таа по случаен избор ги избрала броевите на тикетот за лотаријата и листот го уплатила за 1,20 евра и не планира повторно да игра, велејќи дека добивката е „повеќе од доволно за мојот сопруг, ќерка ми и мене“, соопштија од компанијата наведувајќи ги нејзините зборови.
Исто така, беше објавено дека планира да го искористи својот огромен профит за здрав живот и да направи нешто повеќе за животната средина.