Септември 28, 2023
Трендинг :

Ова се најпопуларните дестинации во декември

Доколку сте љубители на зимата и празниците, тогаш овој божиќен период е совршен за патување во Европа. Од друга страна, ако повеќе ве привлекуваат потоплите предели, можеби сега е идеално време да отпатувате во некоја далечна земја за која долго сонувавте.

Airbnb откри кои дестинации според побарувачката на нивните клиенти се најпопуларни во пресрет на празничната сезона, а резултатите се доста различни. Некои од овие локации се многу атрактивни, па не нè чуди што се на оваа листа, но има и некои други, помалку познати места на кои исто така вреди да им се даде шанса.

Сиднеј, Австралија
На самиот врв на оваа листа е најнаселениот и најстариот град во Австралија, кој неодамна стана исклучително популарен меѓу љубителите на патувања. Живата уметничка и културна сцена, бројните иконски знаменитости како што се Операта и плажите во доцните часови се само некои од многуте причини зошто вреди да се патува на другиот крај на светот.

https://www.youtube.com/watch?v=na9eBzLMhTg&ab_channel=AndrePerneel

Малага, Шпанија
Доколку барате дестинација која е малку поблиску, Шпанија е совршен избор. Малага долго време е една од најпопуларните дестинации меѓу оние кои сакаат да избегаат во потоплите региони во текот на зимата. Просечната температура на воздухот во текот на декември во Малага е околу 17°C, што е доволно топло за да одите на плажа и да ги истражите сите знаменитости што ги нуди овој град.

https://www.youtube.com/watch?v=Mh2lFDWD0IY&ab_channel=Barnyz

Банкок, Тајланд
На оваа листа се наоѓа уште една исклучително популарна дестинација, а тоа е главниот град на Тајланд, Бангкок. Овој малку хаотичен град нуди бројни интересни работи и богата гастрономска понуда, а годишно го посетуваат околу 40 милиони туристи. Со температури над 30°C, Бангкок е совршен избор за секој кој бара бегство од студената европска зима. На крајот на краиштата, Божиќ поминат на плажа и не звучи толку лошо, нели?

https://www.youtube.com/watch?v=P4TwiOX0-KU&ab_channel=Exploropia

Осло, Норвешка
Уште една супер дестинација за сите љубители на зимата и зимските авантури е норвешката престолнина, која освојува со неверојатна архитектура, но и со природни феномени кои го одземаат здивот.

https://www.youtube.com/watch?v=y3PtUfld1sU&ab_channel=CrazyTroll-TravelNorway

Научниците открија: Ова е ИДЕАЛНАТА разлика во годините меѓу партнерите што ја намалува шансата за развод

Иако во љубовта најважна работа е искреноста, меѓусебната поддршка и почитта кон партнерот, научниците сметаат дека е важна и разликата во годините.

Истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта и Универзитетот во Мичиген доведоа до заклучок дека колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за развод.

Тие го набљудувале однесувањето на 3.000 поединци во парови за да утврдат дали постои идеална разлика во возраста што ги намалува шансите за неуспех во врската.

Дошле до заклучок дека големата разлика во годините ги зголемува шансите за развод или раскинување - да речеме, разликата од 10 или повеќе години носи најголем ризик. Паровите со една деценија разлика во години имале 39 отсто шанси за развод, а кога се во прашање паровите со разлика од дури 20 години, тој процент скокнал на дури 95 отсто. Кога разликата ќе се намали на 5 години, шансите се 18 проценти.

Тие заклучиле дека идеалната разлика во годините е само 12 месеци. Тоа би значело дека ако вашиот партнер е една година помлад или постар од вас, шансите да раскинете се 3 отсто. Научниците сметаат дека треба да изберете партнер на речиси иста возраст.

Исто така заклучиле и дека две лица на иста или слична возраст споделуваат повеќе заеднички теми, погледи за светот, цели и стравови.

Жените родени во овие 3 знаци имаат најголем сек*уален апетит, секогаш се заинтересирани

Овенот, Бикот и Скорпијата се знаци кои секогаш се заинтересирани за интимни односи, особено жените, а Скорпиите се ненаситни во тој поглед и дефинитивно го заземаат првото место.

1. Шкорпија

Скорпиите имаат поголем сексуален апетит од сите други знаци. Нејзината жестока и страсна особина е видлива во сите аспекти на животот, особено во спалната соба. Сексот со неа е секогаш возбудлив, најмногу затоа што сака да пробува нови работи.

Сè што треба да направите е да се насмеете на одреден начин, да и упатите „значаен“ поглед или да ја допрете и таа веднаш ќе разбере на што алудирате и ќе ја прифати играта. Луѓето кои имаат сексуален однос со Скорпиите подобро е да имаат силно либидо и да се спремни добро да се испотат во спалната соба.

2. Бик

За жената Бик допирот е многу важен во сексот, а бидејќи сака да се држи за раце или постојано да се гали, нејзиниот сексуален нагон е секогаш силен.

Таа е многу тврдоглава и никогаш нема да признае дека е иницијатор за секс, но и двајцата сте свесни дека таа секогаш ве мами и индиректно алудира на секс. Нејзиниот сексуален нагон е од физичка природа, затоа внимавајте на допирите, галењето, па дури и на сензуалната масажа.

3. Овен

Жената родена во знакот Овен сака добар физички предизвик, а подобар предизвик од сексот нема, нели? Сексуалниот апетит на Овен предизвикува чист адреналин. Таа сака да победува, а сексот со неа е секогаш полн со страст, игри и експериментирање.

Жените родени во знакот Овен се исклучително страсни. Изгледа дека нивниот сексуален апетит е поврзан со експерименти и желба за сексуални игри во креветот, пишува порталот Your Tango.

15 минути ефективни јога вежби

https://www.youtube.com/watch?v=xOJeRLc66r4&ab_channel=MadyMorrison

Доколку сакате да ја тестирате вашата флексибилност и еластичност, јога вежбите се вистинскиот избор за вас.

Ви предлагаме програма од 15 минути која максимално ќе го тестира вашето тело.

КРАТКА ИСТОРИЈА НА КУЛТНИТЕ ПАТИКИ: Ова се факти за стартките кои веројатно не сте ги ЗНАЕЛЕ!

Патиките Converse All Star, попопуларни како стартки, се неизбежен дел од гардеробата за речиси сите. Ги носат и стари и млади, а за нив дури е снимена и песна.

Колку и да се популарни, постојат работи кои веројатно не сте ги знаеле за стартките.

1. Првиот пар од овие патики е произведен пред 98 години, во 1917 година.

2. Првиот пар стартки беше црвен.

3. Чарлс Чак Тејлор беше првиот спортист што ги носеше.

4. Потписот на Тејлор беше на логото од 1932 година

5. Стартките се омилен бренд на рок ѕвезди.

6. Се појавија во 648 филмови.

7. Converse за малку ќе банкротираше во 2001 година, а во 2003 година беше преземен од Nike.

8. Во 2009 година добија нов дизајн, па на нив оживеаја ликови од стрипови, филмови и музичкиот свет.

9. По примерот на стартките се направени најмногу фалсификати во светот.

10. Најголемата стартка е во Токио, долга е пет метри и е направена за да се соберат пари за жртвите од земјотресот.

Пет совети кои би ги поттикнале и најмрзливите да вежбаат

Вежбањето има многу придобивки и за телото и за умот, но дури и ако сте од оние кои целосно се посветени на вежбањето и секојдневниот тренинг, понекогаш може да се случи едноставно да немате волја.

Оние кои го одложуваат тренингот секој ден знаат колку е лесно да најдат изговор, но можеби ова е знак дека е крајно време да започнете да тренирате.

Создадете рутина во теретана

Наместо да вежбате дома, обидете се да создадете рутина со одење во теретана. За оние кои немаат навика да посетуваат теретана, вежбањето ќе биде особено интересно. Да не зборуваме дека кога планирате, се подготвувате и доаѓате пред теретана, нема да размислувате да се откажете.

Пократок, но поинтензивен тренинг

Ова не важи за оние кои штотуку почнале да вежбаат, но доколку сте западнале во рутината на секојдневните обврски и немате време за долги тренинзи, тогаш испробајте го времето што треба да го искористите максимално. Некогаш е помалку - повеќе, а за помалку време можеш да одработиш квалитетен тренинг, особено ако истраеш до крај.

Наградете се

Одредете ја наградата со која ќе бидете почестени по успешното завршување на тренингот. Наградете се со купување, излет или омилен филм. Кога знаете дека напорната работа е проследена со награда, сè ќе биде полесно, па дури и вежбањето.

Направете споредба

Фотографирајте го вашето тело за време на вашата фитнес авантура. По некое време ќе бидете изненадени од постигнатите резултати, а поголеми се шансите да продолжите да вежбате. Многу е важно да не бидете измамени и да бидете реални - не можете да очекувате резултати уште на почетокот.

Најдете ја вашата инспирација

Социјалните мрежи се полни со фитнес профили и тренери кои споделуваат совети и мотивациони пораки. Користете некои од нив за лично добро. Можеби ќе најдете и некој чиј изглед ќе ве инспирира да бидете упорни во вежбањето. На крајот ќе му бидете благодарни.

Одите на планина? Ви претставуваме кул аутфит идеи

Иако зимата не е омилена сезона за многумина, не треба да ги заборавиме сите нејзини убавини. Освен новогодишните и божиќните празници, во зима најмногу му се радуваме и на снегот.

Некои повисоки деолови од Македонија конечно беа покриени со снег, што поттикна многумина да се упатат кон планините. Доколку и вие планирате да посетите некои од зимските туристички дестинации во Македонија, ви носиме предлози како да бидете со стил и покрај ниските температури.

За одличен зимски аутфит клучното парче е јакната. Се носат долги јакни, капути или скијачки јакни, во различни бои. Сепак, она што е особено модерно во последните сезони се светлите бои во кои одлично ќе се вклопите со снежниот амбиент. Она што е подеднакво важно се квалитетни топли водоотпорни чизми. Ugg се особено популарни, а во последните години чизмите Inuikii се на прво место. Иако се сметаат за „грди“, овие модели се идеален избор за престој на планина.

Во продолжение ви преставуваме неколку идеи:

Дали замрзнатото овошје е здраво како свежото?

Сите сме свесни колку е важно за здравјето да се консумира доволно овошје. Но, што ако вашето омилено овошје не е во понуда во моментов, па мора да посегнете по замрзнатото?

Дали замрзнатото овошје е полно со витамини и здраво како свежото овошје?

Одговорот е да! Повеќето замрзнати плодови се целосно здрави и ги зачувуваат витамините и минералите содржани во свежите растенија.

Некои истражувања покажаа дека замрзнатото овошје понекогаш може да има повеќе витамини отколку свежото. Ова важи, на пример, за замрзнатите боровинки кои имаат повеќе витамин Ц.

Токму затоа што се замрзнува со посебни методи, многу брзо по берењето задржува повеќе витамини, минерали, антиоксиданси и други хранливи материи отколку некое свежо овошје кое останува неколку дена откако ќе го набереме.

Најважно е што и замрзнатото овошје ја зачувува и ја зајакнува отпорноста на организмот.

Три начини да го забрзате метаболизмот

Вежбате и внимавате на исхраната, но со возраста станува се потешко за вас да ја одржите идеалната тежина. Истражувањата покажаа дека на возраст од 6 до 18 години, потрошувачката на калории во мирување (базален метаболизам) се намалува за неверојатни 25 проценти, а по 20 -годишна возраст, се намалува за 2 до 3 проценти во секоја деценија од животот. За среќа, постојат начини да го одложите природното забавување на метаболизмот, и треба да воведете неколку мали трикови во вашиот животен стил.

Земајте протеини
Протеините го забрзуваат метаболизмот многу побрзо отколку мастите или јаглехидратите. Џвакањето, грицкањето и варењето на храната бара одредена количина енергија и може да согори до 30 проценти од калориите кои се наоѓаат во вашата чинија.

Колку е посложена храната, толку повеќе калории ќе согорите. Друга добра страна на протеинот е тоа што содржи амино киселина наречена леуцин која спречува губење на мускулната маса кога сте на диета.

Пијте вода
Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат осум чаши вода дневно имаат метаболизам 12 пати побрзо од оние кои внесуваат помали количини. Сакате да изгубите 3 килограми годишно? Пијте половина литар вода секој ден пред појадок, велат експертите од Универзитетот во Вирџинија.

Тренирајте
Вклучете две до три вежби за сила во вашата неделна програма - ќе ја зголемите мускулната маса и со тоа ќе согорите најмалку 50 калории повеќе во текот на денот. Уште поважно, ќе ја одржувате мускулната маса со возраста, што исто така одржува добар метаболизам. Развивањето мускулна маса е како да штедите за старост, дури подоцна во целосно ќе ги искористите сите придобивки од вежбањето.

Најценети материјали за високи температури

Најценети материјали за високи температури

Нема да можеме да избегнеме високи температури и силно сонце во наредниот период, но можеме да си олесниме со носење природни, лесни материјали. Дури и во текот на летото, облеката мора да биде удобна и што е можно попријатна, бидејќи температурите над 35 степени предизвикуваат непријатност во секој поглед.

Лен
Летен материјал! Брзо апсорбира и испушта вода, а потта се намалува во ленените маици, бидејќи овој материјал собира дури една четвртина од влагата од телото.

Памук
Овој материјал е најзастапен од кој се прави гардеробата. Мек е и пријатен, и сигурно ќе се чувствувате удобно во него во текот на денот.

Свила
Префинета е, и наменета за полуксузни парчиња. Панталони или фустани од свила се многу лесни и оставаат впечаток дека во нив „полесно се дише“.

Има 100 години и се уште крева тегови! Влезе во Гинисовата книга на рекорди и нема намера да престане

https://www.youtube.com/watch?v=g7Cc86uQvWE&ab_channel=GuinnessWorldRecords

Едит Марви-Трејн (100) влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар кревач на тегови во светот. Едит успева да крене меѓу 20 и 45 килограми.

Таа се запиша во теретана на 91-годишна возраст. Таа беше убедена да се запише од долгогодишна пријателка.

- Додека ги гледав жените како тренираат, мислев дека можам и јас да кревам тегови. Колку почесто доаѓав во теретана, толку повеќе ми се допаѓаше тоа што го правев. Наскоро станав дел од тимот - вели Едит.

Таа набрзо стана сериозна конкурентка во сениорскиот круг на powerlifting и започна да освојува трофеи. Таа вели дека останала без простор во куќата за да ги складира сите трофеи што ги освоила.

Рајски острови за туристи кои не сакаат гужва на плажа

За оние патници кои би сакале да уживаат на одмор на остров кој не е толку популарен меѓу туристите, но кој нуди се што ви треба за одмор на рајските плажи покрај кристално чистото море, се препорачуваат следните дестинации.

Островот Кон Сон, Виетнам
Тоа е остров од камени карпи, тиркизно море и ветровити плажи каде што нема многу посетители. Недостатокот на продавници и барови се заменува со првокласни бањи и приватни водичи, кои ќе ве одведат низ живописните области на овој виетнамски остров.

Островот Мафија, Танзанија
Околу 40.000 луѓе живеат на островот Мафија, кој припаѓа на Танзанија. Островот во форма на полумесечина го посетуваат само неколку илјади туристи годишно, што му овозможува да остане неверојатно чист, особено морето, за кое се вели дека е една од најдобрите места за нуркање во светот.

Островот Ла Гомера, Шпанија
Ла Гомера е вториот најмал остров во ланецот Канарски Острови. Прекрасните предели се испреплетени со пешачки патеки опкружени со дрвја од банана и карпи покриени со мов. Причината зошто овој остров не е полн со туристи лежи во аеродромот, кој поради својата големина не може да прифати меѓународни летови, а туристите најчесто доаѓаат со бродови.

 

Работи кои зрелиот маж никогаш нема да ги направи

Сигурно сте се запрашале кога мажот всушност станува зрел и што всушност тоа значи? Како се однесува зрел маж?

Постојат некои мажи кои стануваат зрели на 16 години, додека некои ниту на 30 години не созреваат.

Тој нема да го критикува вашиот изглед
Зрел маж нема да ви приговори зошто не сте се офарбате во плаво или зошто не ослабете малку. Оној што навистина ве сака никогаш нема да укаже на промена на вашиот физички изглед на тој начин. Ако постојано ве критикува, знајте дека овој човек е слаб човек кој сака да ви ја разниша самодовербата за да не се чувствувате сигурни и да го напуштите. Зрел маж никогаш не би ве критикувал за да го задоволите неговото его.

Тој нема да побегне од сериозни ситуации
Кога бевме тинејџери, сите бегавме од тешки ситуации и обврски. Но, зрелите луѓе не го прават тоа, тие знаат како да го решат секој проблем на зрел и конструктивен начин. Тие знаат како да се соочат со проблем, а да побегне од проблемот може секој.

Тој нема да ве навреди или повреди
Затоа, ова важи и за физичко и за психичко насилство. Ако трпите какво било насилство од вашиот партнер, оставете го, не наоѓајте причини зошто тој се однесува така. Зрелите мажи на никаков начин не ги понижуваат своите жени, колку и да се лути.

Тахити: Илјадници километри далеку од реалноста

Прекрасните плажи во заливите на Тахити се од вулканско потекло, а неговото кристално сино море е вистинска атракција за љубителите на подводниот свет и нуркање. Можете исто така да се обидете да собирате црни бисери и да се почестите со одмор во сенката на палмите, илјадници километри подалеку од реалноста.

Посебна атракција се школките со црни бисери кои имаат светска репутација, а колекцијата на црни бисери е специјално организирана со патувања до специјални заливи.

Кога станува збор за нуркање и кристално чисто море, видливоста е совршена до длабочина до 40 метри, така што е можно да се видат многу видови на животни во подводен свет кои живеат само овде - морски желки, шарени тропски риби, ајкули, па дури и китови од 15 метри.

Тахитската традиционална музика и танц, заедно со спектакуларните зајдисонца, се нешто што никогаш не се заборава.

Можете да го запознаете Тахити на различни начини, од посета на пазарот во срцето на градот, кој зазема особено важно место, каде што можете да купите рачно изработени производи, ванила, масла, тропско овошје, цвеќиња, бисери… до кружни тури каде ќе останат без здив гледајќи ги скриените водопади и прекрасниот пејзаж на крајбрежјето.

Најдобриот ресторан во светот сместен во Бали

Како изгледа најдобриот ресторан во светот и што е потребно за да го направите ресторанот најдобар. Вкусна храна, незаборавен амбиент, љубезен персонал или беспрекорна услуга?

Ресторанот „Корал“, во рамките на луксузниот хотел „Apurva Kempinski“ во Бали, е фантастичен пример и со право е прогласен за најсовршениот ресторан во светот.

Ресторанот „Корал“ ја доби својата титула благодарение на уникатниот ентериер - се наоѓа во аквариумски простор.

Аквариумот е одличен начин за релаксација - ви дава можност да уживате во водниот свет без да нуркате во беспрекорните води што го опкружуваат Бали.

Внатрешноста на ресторанот е раскошна и зрачи со луксузни вибрации со геометриски плочки, многу природна светлина и ѕидови од тули.

Сите чаролии на Барбадос

Барбадос е познат по своите долги, бели песочни брегови, нереални тиркизни бранови и прекрасни плажи. Сепак, овој карипски остров нуди многу повеќе.

Покрај тоа што долго време важеше за една од најпознатите тропски оази, Барбадос е и уметничка оаза, рај за гурманите и идеално место за секој авантурист.

Патем, скоро сите ресторани во Барбадос имаат таква положба што со ручек или вечера имате директен поглед кон тиркизно синото море, што на сето ова му дава посебно задоволство.

Оние што ќе дојдат на Барбадос, можат многу лесно да го истражат со изнајмен автомобил. Внатрешноста на островот е доста ридска, па затоа е најдобро да се земе џип. Сепак, за оние кои не сакаат да возат, најдобриот начин да го видат островот е со локални автобуси, кои се екстремно ефтини, и од кои можете да излезете каде сакате.

И додека главните сместувачки капацитети се наоѓаат на запад од островот, источниот дел има зачудувачки плажи, кои најмногу ги користат локалното население, а кои не се комерцијализирани, така што тие претставуваат недопрен рај на земјата. Точно, брановите тука се далеку повисоки, така што ова место не е многу идеално за пливање, но затоа е идеална локација за сурфери. Најпознати плажи за сурфери се плажата Крејн и Фаул Беј, кои претставуваат вистинска недопрена природа.

Колку време му треба на човечкото тело за да „испадне“ во форма

Да се ​​постигне добра форма не е лесна задача. Сепак, по толку напорна работа, многу луѓе се прашуваат колку долго траат ефектите од тренингот? Но сепак доволно е само малку време за значително да „испадне“ од формата.

За да разбереме како телото станува „неспособно“, треба да разбереме што значи да се биде во форма. Поимот кондиција значи дека телото работи повеќе отколку што е навикнато. Овој притисок нè принудува да се прилагодиме и да станеме потолерантни на оптоварувањата, што доведува до повисоко ниво на подготвеност.

Некои истражувања покажаа дека само шест сесии на тренинг во интервал можат да доведат до зголемување на максималниот внес на кислород (VO2 max). Кога станува збор за тренинг за сила, може да забележите напредок за само две недели, но ќе видите промени во големината на мускулите помеѓу 8 и 12 недели.

Кардиоваскуларен тренинг

Да претпоставиме дека целосно сте прекинале да тренирате. Кардиореспираторниот капацитет ќе се намали за околу 12 проценти во првите четири недели. Оваа стапка на пад потоа продолжува и за осум недели целосно ќе се вратите на нивото на кое бевте пред да тренирате.

Намалувањето на максималниот внес на кислород е резултат на намалување на волуменот на крвта и плазмата. Ова се должи на недостаток на оптоварување на срцето и мускулите.

Тренинг за сила

Просечна личност која престанала да тренира за 12 недели значително ќе ја изгуби способноста за диганње на тежини. Бројот на мускулни влакна се намалува за 13 проценти во рок од две недели.

Сите наведени проценти се слични и кај жените и кај мажите. Дури и луѓето кои спортувале многу години ќе доживеат слични промени. Сепак, колку повеќе сте во форма, толку побавно ќе „паднете“ од форма.

Најлесно ќе се за заљубите во овие 4 хороскопски знакови, тие се создадени за љубов

Најлесно е да ги засакате и да се за вљбите во личностите родени во следните четири хороскопски знаци.

Бик

Лојални, тие не играат игри и отворено ги покажуваат своите емоции. Најважно им е да најдат совршен партнер. Ако сте во врска со Бик, сметајте се за личност која има среќа во љубовта.

Рак

Подготвени да ги игнорираат нивните желби и потреби само за да го задоволат својот партнер. Секоја ваша желба е нивна заповед и тие се тука за вас и во добро и во зло. Ракот е едноставно сакан поради својата жртва, сè додека не ви здосади таа силна посветеност.

Вага

Вагата е најважната за хармонија во врската. Лесно е да ги сакате затоа што тие секогаш работат околу својот партнер, што им ласка на сите. Вагите се подготвени да направат секакви жртви за да ја зачуваат врската.

Риба

Тие се искрени, верни и посветени на својот партнер, а најголема доблест им е сочувството. Тие се полни со разбирање и многу често своите интереси ќе ги остават настрана поради нивните партнери. Луѓето родени во овој знак покажуваат каква треба да биде всушност љубовта.

Бел фустан во 10 шик стилови

Жешките денови ја сакаат белата боја, која често украсува трепетливи ткаенини и се издвојува во креации од најразлични форми - од мини фустани инспирирани од шеесеттите, до кринолини со струк што имаат кул изглед.

Безбојниот стил ни носи многу фустани, ленените се совршени за секој ден, додека некои се украсени со кристали, па можат и да заменат - венчаница.

Ваквата жена магнетски го привлекува скоро секој маж

Жените кои добиваат сè што сакаат не се некои фатални убавици, токму спротивното - она ​​што ги краси доаѓа одвнатре, не однадвор.

Всушност, ова се три одлики на жената кои ги привлекуваат сите мажи, без разлика дали сакаат тоа јавно да го признаат или не. Еве ги карактеристиките.

Изглед - секако дека секој сака да изгледа убаво, но без претерување. Во скоро секое можно истражување што е направено, докажано е дека мажите сакаат природен изглед - без многу шминка, малку пудра, маскара и сенка.

Недостаток на комплекс - таквата жена ги прифаќа сите свои маани и доблести и не е хистерична ако добие неколку килограми плус. Овој вид на жени им одговара на мажите, бидејќи никогаш нема да им биде јасно зошто жените прават толку голема врева за некој минимален вишок на килограми и зошто наоѓаат маани во себе таму каде што ги нема.

Животна енергија - жените кои се полни со енергија и желни за живот зрачат со сјај и со својот неисцрпен оптимизам едноставно ги привлекуваат мажите како магнет, и уште поважно - успеваат да ги одржат покрај себе.

Нови мерки во Албанија, цените се зголемија

Од денес, времето за пуштање музика во Албанија ќе биде продолжено, а полицискиот час и понатаму ќе биде на сила од 00:00 до 06:00 часот.

Од денес, баровите и кафулињата во Албанија имаат дозвола да пуштаат музика до 23 часот, наместо до 22 часот како што беше во изминатиот период, полицискиот час е сè уште на сила од 00 до 6 часот наутро, објави Техничкиот комитет на експерти, кој одлучува за мерките против коронавирусот денеска.

Од 15 јуни, до 50 лица имаат дозвола да се собираат надвор, додека носењето маска во затворен простор е сè уште задолжително, пренесува порталот Албански дневни вести.

Во исто време, цените во баровите и рестораните се зголемија за 1,3 проценти во споредба со мај и јуни, што е најголемо зголемување на цените од јануари 2017 година.