Има 100 години и се уште крева тегови! Влезе во Гинисовата книга на рекорди и нема намера да престане

Едит Марви-Трејн (100) влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар кревач на тегови во светот. Едит успева да крене меѓу 20 и 45 килограми.

Таа се запиша во теретана на 91-годишна возраст. Таа беше убедена да се запише од долгогодишна пријателка.

- Додека ги гледав жените како тренираат, мислев дека можам и јас да кревам тегови. Колку почесто доаѓав во теретана, толку повеќе ми се допаѓаше тоа што го правев. Наскоро станав дел од тимот - вели Едит.

Таа набрзо стана сериозна конкурентка во сениорскиот круг на powerlifting и започна да освојува трофеи. Таа вели дека останала без простор во куќата за да ги складира сите трофеи што ги освоила.