Како правилно да се опоравите по тренингот

Фото: pixabay

Вежбањето е важно, но подеднакво важно е да знаете и кога да се одморите за да не ги истегнете мускулите. Треба да се грижите за закрепнувањето што на вашето тело ќе му биде потребно по тренингот.

Доколку правилно не се „оладите“ после тренингот , мускулите ќе останат напнати, а тоа може да предизвика силна болка. Овие совети можат да ви помогнат правилно да се опоравите:

Активно закрепнување

Тоа подразбира вклучување на вежби со мал интензитет веднаш по направениот напорен тренинг. Тоа им овозможува на мускулите постепено да се релаксираат, ја ублажува болката и вкочанетоста и ги нормализира отчукувањата на срцето. Американското здружение за срце (АХА) препорачува да одвоите неколку минути за брзо одење или џогирање за да не го „изненадите“ срцето со ненадеен прекин на вежбањето.

Внес на протеини

На просечен возрасен човек му требаат околу 0,8 грама протеини на килограм телесна тежина на ден за оптимална сила и здравје. Сепак, на спортистите им треба повеќе протеини затоа што вежбаат повеќе: 1,2-1,4 грама на килограм телесна тежина. Протеините се клучни за обновување на мускулите и за надополнување на изгубената енергија. Изберете квалитетен извор на протеини засновани на вашите нутриционистички потреби.

Додавање на BCAA (подразбира аминокиселини со разгранет ланец)

BCAA е комбинација на три аминокиселини: леуцин, изолеуцин и валин. Тие се исклучително корисни бидејќи го намалуваат заморот и ја ублажуваат болката во мускулите. Тие не можат да бидат произведени од телото само, затоа мора да се внесат преку храна или додатоци. Овие намирници содржат BCAA: пилешко, говедско, јајца, лосос, грчки јогурт, туна, кикирики итн.

Компресивни чорапи

Компресивни чорапи се исто така корисни по долги трчања и интензивни тренинзи. Се покажа дека постојаната употреба на компресивни чорапи го намалува отокот на стапалата и ја подобрува циркулацијата во погодените области. Исто така ја намалува болката во мускулите кои се протегале за време на интензивен тренинг.

Вежби за истегнување

Тие помагаат да се намали болката и вкочанетоста по вежбањето и да се врати опсегот на движење на мускулите. Тие исто така градат долгорочна флексибилност и ве подготвуваат за следниот тренинг.