Нови откритија: Чоколадото најдобро се јаде за појадок, го забрзува метаболизмот и помага при слабеење
Чоколадото долго време се користи за лекување на некои здравствени проблеми, но ново истражување покажа дека е корисно и за слабеење.
Веројатно сметавте дека чоколадото е храна што строго спаѓа во категоријата слатки - но не сте во право. Покрај тоа што може да не расони и да го расчисти мозокот, чоколадото влијае позитивно и на целокупното здравје.
Науката уште еднаш ја потврди и охрабри потрошувачката на чоколадо. Имено, според истражувањето спроведено од експерти од Бригама во САД, чоколадото ги подобрува когнитивните функции на мозокот. Чоколадото најдобро се јаде за појадок.
Иако чоколадото е калорично, тоа содржи состојки кои помагаат при слабеење, велат експертите. За да се тестира дали чоколадото може да помогне при слабеење, секоја жена јадела 100 грама чоколадо во рок од еден час од будењето и друга група во рок од еден час пред да оди на спиење. По овој експеримент, откриено е дека жените кои јаделе чоколадо во раните утрински часови, изгубиле од својата тежина на побрз начин. Ова не е прв пат научниците да ги истакнат придобивките од чоколадото. Други студии сугерираат дека чоколадото е добро за срцето и дека консумирањето одреден вид чоколадо може да помогне во регулирање на крвниот притисок, чувствителноста на инсулин и нивото на холестерол.