Ослабете без диета: Луѓето со идеална тежина никогаш не ги прават овие 6 работи, ова е нивната тајна

Фото: unsplash

Ако до сега, секој пат кога ќе бидете незадоволни од себе или од вашиот живот, ќе се фрлите во рестриктивни или хит диети и ќе вежбате како врвен модел еден месец пред ревијата, време е да престанете. Според неодамна објавената студија која ги анализирала животните навики на 147 луѓе кои имаат идеална тежина, откриено е дека сите тие имаат неколку исти навики:

1. Не го прескокнувајте појадокот
Знаеме дека сте го слушнале илјада пати, но кога е нешто важно како што е појадокот, повторувањето не е на одмет. Според студијата, 96% од луѓето со здрава телесна тежина појадуваат секој ден, што обично се состои од овошје, зеленчук и јајца. Научете некои рецепти за смути и омлети.

2. Вежбање
42 проценти од испитаниците со идеална телесна тежина вежбаат пет пати неделно. Доколку немате толку време што можете да го посветите на вежбање, знајте дека двапати неделно ќе има чудесни резултати на вашиот изглед и здравје.

3. Редовно мерење на вага
Многу луѓе имаат варијабилна врска со вагата. Во некои периоди тие се мерат постојано, а потоа со месеци или години воопшто не застанале на вагата за да ја измерат својата тежина. Половина од испитаниците рекле дека треба да се мерат најмалку еднаш неделно.

4. Никогаш не се на посебна диета
Најздравите учесници во истражувањето рекле дека тие не се поборници за диети, а 75% од нив никогаш не биле на диета. Но, тоа не значи дека тие јадат се што можат да дофатат со раце. Дури 92 проценти од нив се изјасниле дека многу обрнуваат внимание на она што го јадат.

5. Често готват
Испитаниците кои се здрави и во форма почесто готват отколку оние кои не можат да се пофалат со толку добра состојба. Тие обично подготвуваат бело месо со зеленчук за вечера, а само седум проценти од испитаниците се вегетаријанци.

6. Тие ги слушаат пораките кои им ги испраќа нивното тело
44 проценти од испитаниците рекле дека го слушаат своето тело и јадат кога се гладни, но само квалитетна храна и житарици.