Три важни совети за почетници во трчање

Три важни совети за почетници во трчање

Многумина избираат да трчаат за да изгубат вишок килограми и да се вратат во форма, но почетниците треба да обрнат внимание на неколку работи.

Трчањето се смета за една од најдобрите вежби за подобрување на физичката и менталната состојба, а редовното трчање ги зајакнува коските, мускулите и ја подобрува состојбата на кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, помага во контролирање на стресот и губење на вишокот килограми. Но, почетниците треба да следат три совети за да стекнат здрава навика.

Опремата е многу важна затоа инвестирањето во нови патики и облека може да биде мотивација за трчање. Патиките мора да бидат удобни и да имаат перничиња за петици кои го ублажуваат ударот. Облеката што ја носите треба да биде лесна.

Загревањето, ладењето и регенерацијата мора да бидат дел од рутината. Загревањето е важно за подобрување на циркулацијата, намалување на вкочанетоста и намалување на ризикот од повреда. Загревањето може да биде прошетка или истегнување пет до десет минути.Исто така, ладењето после трчање не треба да се изостави бидејќи е важно да се вратите во нормален пулс. Споменатата прошетка ќе биде доволна. Може да трчате секој втор ден за да го одморите вашето тело и да се прилагодите на притисокот врз вашиот кардиоваскуларен систем и да ги подготвите мускулите и коските за следното трчање.

Почетниците треба да започнат полека, без големи растојаниа. Краткорочно трчање со интервали на одење се препорачува да му помогне на телото да се опорави. Започнете да трчате со умерено темпо и одржувајте го постојано. Со текот на времето, темпото и растојанието може да се зголемат.