Научниците открија: Ова е ИДЕАЛНАТА разлика во годините меѓу партнерите што ја намалува шансата за развод

Фото: Pixabay

Иако во љубовта најважна работа е искреноста, меѓусебната поддршка и почитта кон партнерот, научниците сметаат дека е важна и разликата во годините.

Истражувањето спроведено од Универзитетот Емори во Атланта и Универзитетот во Мичиген доведоа до заклучок дека колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за развод.

Тие го набљудувале однесувањето на 3.000 поединци во парови за да утврдат дали постои идеална разлика во возраста што ги намалува шансите за неуспех во врската.

Дошле до заклучок дека големата разлика во годините ги зголемува шансите за развод или раскинување - да речеме, разликата од 10 или повеќе години носи најголем ризик. Паровите со една деценија разлика во години имале 39 отсто шанси за развод, а кога се во прашање паровите со разлика од дури 20 години, тој процент скокнал на дури 95 отсто. Кога разликата ќе се намали на 5 години, шансите се 18 проценти.

Тие заклучиле дека идеалната разлика во годините е само 12 месеци. Тоа би значело дека ако вашиот партнер е една година помлад или постар од вас, шансите да раскинете се 3 отсто. Научниците сметаат дека треба да изберете партнер на речиси иста возраст.

Исто така заклучиле и дека две лица на иста или слична возраст споделуваат повеќе заеднички теми, погледи за светот, цели и стравови.