Неколку знаци дека сте заглавени во лоша врска

Неколку знаци дека сте заглавени во лоша врска

Во здрава љубовна врска, партнерите се надополнуваат и се усреќуваат. Сепак, од страв од осаменост, многумина се во врска со погрешен партнер со кој само губат време.

Експертите открија неколку сигурни знаци дека сте во врска со погрешен партнер и дека треба да продолжите понатаму ако забележите некој од овие знаци.

Точно, не е лесно да се стави крај на врската, особено по години во врска, но секогаш е подобар избор отколку да се чувствувате залудно, осамено и несреќно во друштво на погрешна личност.

Ако не можете да верувате на некого и да се потпрете на него, тогаш бидете сигурни дека ова не е човекот за вас. Не е важно дали е ситница, бидејќи несигурни луѓе се такви кога станува збор за мали нешта, но и за големи. Вистинскиот партнер ќе гледа да ви го олесни животот и нема да очекува од вас сами да се грижите за сè, секогаш ќе можете да се потпрете на него.

Доколку не созревате и не постанувате подобри со вашиот партнер, добро размислете дали тој е добар избор за вас. Партнер кој се грижи за вас ќе ве поддржува во работи што се добри и позитивни.

Добар показател дека нешто не е во ред со врската е ако не можете да бидете најдобрата верзија на себеси со некого.

Ако во последно време често размислувавте за некој друг со кој сте „кликнале“, добро размислете дали и колку сте задоволни во вашата моментална врска. Можно е да сте осамени или да сакате да почувствувате нешто што го нема во врската.

Луѓето кои се среќни во нивната врска немаат потреба да размислуваат за односот со некој друг или за тоа како би можело да биде подобро да живеат сами.

Ако вашиот партнер постојано ве испрашува и проверува како воопшто да не ви верува, тоа не е добар знак. Ако постојано мора да ги оправдувате своите постапки, каде сте биле, со кого сте биле, тоа сигурно не е врската за вас.

Постојаните објаснувања можат да бидат исцрпувачки и да остават лоши траги врз вашето ментално здравје.

Исто така, ако се чувствувате како некој да ве исклучил и генерално се чувствувате незадоволни, ова е прилично јасен знак дека нешто не е во ред со вашата врска или дека ги поминувате деновите со погрешна личност.