Ваквата жена магнетски го привлекува скоро секој маж
Жените кои добиваат сè што сакаат не се некои фатални убавици, токму спротивното - она што ги краси доаѓа одвнатре, не однадвор.
Всушност, ова се три одлики на жената кои ги привлекуваат сите мажи, без разлика дали сакаат тоа јавно да го признаат или не. Еве ги карактеристиките.
Изглед - секако дека секој сака да изгледа убаво, но без претерување. Во скоро секое можно истражување што е направено, докажано е дека мажите сакаат природен изглед - без многу шминка, малку пудра, маскара и сенка.
Недостаток на комплекс - таквата жена ги прифаќа сите свои маани и доблести и не е хистерична ако добие неколку килограми плус. Овој вид на жени им одговара на мажите, бидејќи никогаш нема да им биде јасно зошто жените прават толку голема врева за некој минимален вишок на килограми и зошто наоѓаат маани во себе таму каде што ги нема.
Животна енергија - жените кои се полни со енергија и желни за живот зрачат со сјај и со својот неисцрпен оптимизам едноставно ги привлекуваат мажите како магнет, и уште поважно - успеваат да ги одржат покрај себе.