Жените Открија: Овие 10 работи ги прават само совршените мажи
Ја препознавате ли вашата посилна половина?
Дали некогаш сте се запрашале кои се особини и одлики треба да ги има квалитетниот сопруг? Ова прашање им беше поставено на илјадници жени кои учествуваа во истражување спроведено во Велика Британија, а резултатите беа повеќе од интересни!
Целта на истражувањето, спроведено на примерок од пет илјади жени од различна возраст, кои биле или сè уште се во брак, било да открие кои машки особини кај жената се најценети.
Иако одговорите беа многу различни, некои од нив честопати се повторуваа.
Карактеристиките на квалитетен сопруг, кои го издвојуваа најмногу жени (71 процент од нив), беа доверба и лојалност, додека малите знаци за внимание се најдоа на другото место, односно фактот дека нивниот партнер знае што сакаат и што ги прави секогаш среќни.
Со оглед на тоа што списокот на одлики на најдобриот сопруг и партнер е многу долг, ги издвојуваме само 10-те најчести одговори:
Тој ви верува.
Тој е лојален и верен на вас.
Тој знае што сакате.
Тој ја цени вашата потреба да имате време само за себе.
Тој е ваш добар пријател.
Тој ви помага да бидете подобра личност.
Секогаш можете да го изнервирате.
Се смеете заедно.
Можете да почувствувате колку тој ве сака.
Ви помага при домашните работи.