Лесни, креативни и удобни: Прекрасни комбинации за шетање низ градот

Фото: pinterest

Градовите живнаа, а нашата гардероба е подготвена за лесни, креативни комбинации во кои можеме да комбинираме разни модни додатоци, детали, бои и весели стилски елементи.

Боите инспирирани од летното сонце и мотивите како цвеќиња, точки и ленти се совршени за секојдневна облека во градските горештини.

Цветниот фустан е еден од омилените во летната сезоната, одличен е во комбинација со разни патики и влечки.

За љубителите на природни бои, постои комбинација со широки панталони.

Белата, ванилата и неутралната беж се вистински летни хитови, ги носиме од глава до пети.

Кратките фустани изгледаат кул со ниски темни чевли.

Кратки тексас шорцеви и летен џемпер се идеални за градот, но и за морето.

Сатенот е убав во женски нијанси и варијанти на здолништа и широки кошули.

Пижама панталоните сè уште се хит, особено ако се работи за некоја луда боја.