Најценети материјали за високи температури

Најценети материјали за високи температури

Нема да можеме да избегнеме високи температури и силно сонце во наредниот период, но можеме да си олесниме со носење природни, лесни материјали. Дури и во текот на летото, облеката мора да биде удобна и што е можно попријатна, бидејќи температурите над 35 степени предизвикуваат непријатност во секој поглед.

Лен
Летен материјал! Брзо апсорбира и испушта вода, а потта се намалува во ленените маици, бидејќи овој материјал собира дури една четвртина од влагата од телото.

Памук
Овој материјал е најзастапен од кој се прави гардеробата. Мек е и пријатен, и сигурно ќе се чувствувате удобно во него во текот на денот.

Свила
Префинета е, и наменета за полуксузни парчиња. Панталони или фустани од свила се многу лесни и оставаат впечаток дека во нив „полесно се дише“.