Одите на планина? Ви претставуваме кул аутфит идеи

Иако зимата не е омилена сезона за многумина, не треба да ги заборавиме сите нејзини убавини. Освен новогодишните и божиќните празници, во зима најмногу му се радуваме и на снегот.
Некои повисоки деолови од Македонија конечно беа покриени со снег, што поттикна многумина да се упатат кон планините. Доколку и вие планирате да посетите некои од зимските туристички дестинации во Македонија, ви носиме предлози како да бидете со стил и покрај ниските температури.
За одличен зимски аутфит клучното парче е јакната. Се носат долги јакни, капути или скијачки јакни, во различни бои. Сепак, она што е особено модерно во последните сезони се светлите бои во кои одлично ќе се вклопите со снежниот амбиент. Она што е подеднакво важно се квалитетни топли водоотпорни чизми. Ugg се особено популарни, а во последните години чизмите Inuikii се на прво место. Иако се сметаат за „грди“, овие модели се идеален избор за престој на планина.
Во продолжение ви преставуваме неколку идеи: