Вака сега се облекуваат Италијанките: Три модни идеи со кои нема да погрешите
Италијанките се кралици на модата, еден погледот на уличната мода е најдобриот доказ за тоа што сега е модерно.
Последната година гледавме „онлајн“ модни ревии кои најавуваат нови трендови. Сепак, најдобриот индикатор за тоа што е модерно може да се види на улиците. Италијанките се кралици на стилот, и по една година изолација, конечно излегоја на улиците.
Ленени кошули и бермуди
Убавината е во едноставноста, а ленената облека е синоним за летото. Италијанките обично носат лен во лето. Покрај незаменливата бела или беж ленена кошула, ленените бермуди прават исончаните нозе да изгледаат одлично. Со платнени еспадрили и торба од трска - секоја жена ќе изгледа и се чувствува како пердув!
Едноставен долг фустан и зашилени влечки
Едноставен фустан под колената, без ракави и прав крој. Овој фустан може да биде направен од лен или памук, и може да се носи со широк појас или опуштен околу телото. Одлично се вклопува со модерни влечки, и не заборавајте дека шпицот се врати повторно во мода.
Овој фустан, украсен со привлечно ланче, изгледа фантастично и во вечерните часови.
Широки панталони, кошула и апостолки
Кога е многу топло, најдобро е да носите широки ленени панталони и широка кошула. Покриените раце и нозе најдобро ќе бидат заштитени од силна сончева светлина. На нозе облечете влечки, па дури и апостолки. Ниту еден накит нема да ви биде потребен.