Катедралата Саграда Фамилија во Барселона по седум месеци повторно се отвори за посетителите

Фото: Ken Cheung on Unsplash

По седум месеци, катедралата Саграда Фамилија во Барселона ги отвори вратите за посетителите. Иако ограничувањата поради коронавирус кога се во прашање посетите сè уште постојат, ова сепак може да доведе до очекуваната нормала.

Соодветно на тоа, тоа е само „срамежливо“ отворање само за време на викендите од 9:00 до 15:00 часот, исто како што се случи во јули 2020 година со храмот на Гауди, кој беше отворен по првото присилно затворање.

Соборниот храм изјави дека тие се фокусирани на ова повторно отворање, додавајќи дека ситуацијата сè уште може да се промени ако се земе предвид текот на пандемијата на коронавирусот.

Фото: Louisa Schaad on Unsplash

Во јули минатата година катедралата сакаше да им оддаде почит на граѓаните со билети, но дел од групата чија турнеја беше планирана за октомври не можеше да ужива во тоа, бидејќи Саграда фамилија мораше да биде затворена поради пандемијата.

Сепак, многумина се согласуваат дека по ова отворање, градот ќе заживее малку, и доколку се задржи ваквата епидемиолошка состојба, се планира да се подигне голема дванаесеткрака звезда над Барселона, која ќе ја осветли базиликата, пишува шпанскиот ABC.