Ова се најпопуларните дестинации во декември

Фото: unsplash

Доколку сте љубители на зимата и празниците, тогаш овој божиќен период е совршен за патување во Европа. Од друга страна, ако повеќе ве привлекуваат потоплите предели, можеби сега е идеално време да отпатувате во некоја далечна земја за која долго сонувавте.

Airbnb откри кои дестинации според побарувачката на нивните клиенти се најпопуларни во пресрет на празничната сезона, а резултатите се доста различни. Некои од овие локации се многу атрактивни, па не нè чуди што се на оваа листа, но има и некои други, помалку познати места на кои исто така вреди да им се даде шанса.

Сиднеј, Австралија
На самиот врв на оваа листа е најнаселениот и најстариот град во Австралија, кој неодамна стана исклучително популарен меѓу љубителите на патувања. Живата уметничка и културна сцена, бројните иконски знаменитости како што се Операта и плажите во доцните часови се само некои од многуте причини зошто вреди да се патува на другиот крај на светот.

Малага, Шпанија
Доколку барате дестинација која е малку поблиску, Шпанија е совршен избор. Малага долго време е една од најпопуларните дестинации меѓу оние кои сакаат да избегаат во потоплите региони во текот на зимата. Просечната температура на воздухот во текот на декември во Малага е околу 17°C, што е доволно топло за да одите на плажа и да ги истражите сите знаменитости што ги нуди овој град.

Банкок, Тајланд
На оваа листа се наоѓа уште една исклучително популарна дестинација, а тоа е главниот град на Тајланд, Бангкок. Овој малку хаотичен град нуди бројни интересни работи и богата гастрономска понуда, а годишно го посетуваат околу 40 милиони туристи. Со температури над 30°C, Бангкок е совршен избор за секој кој бара бегство од студената европска зима. На крајот на краиштата, Божиќ поминат на плажа и не звучи толку лошо, нели?

Осло, Норвешка
Уште една супер дестинација за сите љубители на зимата и зимските авантури е норвешката престолнина, која освојува со неверојатна архитектура, но и со природни феномени кои го одземаат здивот.