Посетителите можат да се вакцинираат против коронавирусот во замокот Дракула

Посетителите можат да се вакцинираат против коронавирусот во замокот Дракула

Оние што го посетуваат замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирусот откако ќе се формира центар за вакцинација на ова место во Трансилванија.

Медицинските лица со етикети на костумите нудат вакцинација со вакцини Фајзер на секој што ќе го посети замокот Бран од 14 век, лоциран во централна Романија. Акцијата е дел од планот на владата да ги мотивира Романците да се вакцинираат против коронавирус. Некои веруваат дека замокот бил инспирација за легендарниот роман на Брам Стокер наречен „Дракула“.

Во Романија, од почетокот на пандемијата се заразени нешто повеќе од милион луѓе, а евидентирани се скоро 29.000 смртни случаи.

Целта на владата е да се вакцинираат 10 милиони луѓе до септември, но скоро половина од Романците не сакаат да ја примат вакцината. Сепак, постои надеж дека замокот Бран и неговата единствена иницијатива ќе го зголемат бројот на вакцинирани. Секој викенд во мај, оние кои ќе закажат вакцинација, ќе можат бесплатно да видат изложба на 52 уреди за тортура.

Властите, исто така, се надеваат дека ќе го зголемат бројот на посети на замокот, кој е намален поради пандемијата.