Трендинг :

ХИТ: Дошол да ги потпише документите за развод и со себе повикал и оркестар за да прослави

Треба ли човек да слави или да тагува кога ќе се разведе? Веројатно зависи од случајот!

Сцената е снимена во мексиканската сојузна држава Коахуила, а генијалецот пристигна пред канцеларијата насмеан од уво до уво и расположен за песна.

Застрашувачка снимка: Ајкула скокна од водата и на човекот му откина дел од ногата

https://www.youtube.com/watch?v=pPfDyemAprY

Човекот го загубил задниот дел од стапалото, како и неколку мускули откако беше нападнат од ајкула.

На снимката се гледа 37-годишен маж од Јордан како лета над површината на Црвеното Море пред ајкулата да скокне и да го гризна за ногата. Тој го загубил задниот дел од стапалото, оставајќи искинати мускули и скршени коски по нападот.

Службата за итни случаи го однесе во воената болница „Принц Хашем“, во пристанишниот град, каде беше опериран на десната нога. Неговата состојба е опишана како стабилна.

Како да го мотивирате детето да учи и да ги извршува домашните задачи на време?

Ако имате проблем со вашето дете што многу тешко се мотивира да учи и претпочита да го поминува времето играјќи игри или да се занимава со некои други активности, тогаш треба да размислите како можете да го охрабрите да учи.

Одложувањето на одговорностите и задачите поврзани со училиштето може негативно да влијае на детето со тоа што тие нема да ја развиваат својата одговорност за обврските што ќе бидат многу важни за нив подоцна во животот.

Детето сигурно треба да има посебно време за одмор и забава, но мора да знае и кога е време да го „загрее столот“.

Не е лошо ако од време на време го наградувате вашето дете затоа што постигнува добар успех на училиште. Плус на тоа, психолозите сметаат дека тоа може да има позитивен ефект врз детето, така што тој продолжува да постигнува добри резултати.

И вас сигурно би ве мотивирале различните награди што би ги добиле од вашиот работодавец, па зошто да не и вашето дете?

Започнете од раното детство
За која било задача што треба да ја извршиме, треба да имаме мотивација. Психолозите објаснуваат дека мотивацијата почнува да се развива во текот на детството. Поминуваме низ разни искуства, за прв пат се среќаваме со некои работи и тоа се фазите во нашиот живот кога работиме интензивно на расфрлање на мотивацијата. Имајте го ова на ум кога ги мотивирате вашите деца да направат нешто. Не е лошо ако од време на време го наградувате вашето дете затоа што постигнува добар успех на училиште. Плус на тоа, психолозите сметаат дека тоа може да има позитивен ефект врз детето, така што тој продолжува да постигнува добри резултати.

Постојат два вида на мотивација
За подобро разбирање како можете да го мотивирате вашето дете да учи, прво мора да знаете дека постојат два вида на мотивација.

Првата мотивација е кога детето прави нешто што го сака и се забавува, како што е забава со пријателите или играње игри.

Друга мотивација е кога тој ќе стори нешто затоа што очекува одредена награда. На пример, кога ќе го наградите вашето дете за добивање добра оценка во училиште.

Како и возрасните, нормално е децата да бараат мотивација во наградите. Во психологијата, ова се нарекува „позитивен поттик“ затоа што ја стимулира работата и фреквенцијата на одредени однесувања, кога ќе се добие одредена награда. Определете како ќе го наградите вашето дете и ќе го мотивирате. Сепак, не го правете тоа премногу често затоа што детето ќе се навикне на тоа и може да ве натера да мора да го наградувате секој пат ако сакате да постигне добар успех на училиште.

Кога вашето дете ќе ја заврши домашната задача на време, дајте му нешто и со тоа потсвесно мотивирајте го да продолжи да ја извршува домашната задача на време.

Исто така, не би било добро да му дадете награди на вашето дете да престане со лошото однесување. Во овие случаи, би било добро да поразговарате со детето и да ги дознаете вистинските причини за таквото однесување. Можеби вашето дете ќе открие нешто што го мачи а вие не сте знаеле.

Студентката Андреа (23) има најголеми усни на светот, поради својата убавина сериозно го загрози своето здравје!

Студентката на универзитетот во Софија, Андреа Иванова, позната како „бугарска Барбика“ поради бројни козметички и хируршки зафати, изјави дека може да ослепе од инекции на хијалуронска киселина внесена во усните.

Во усните примила вкупно 25 инекции на хијалуронска киселина, а последната - минатата недела. Според нејзините изјави, таа ги има најголемите усни на светот. Таа има 23 години, а започна со козметички операции во 2018 година. Ги посети практично сите клиники за убавина во Софија и ги испроба скоро сите видови филери. И покрај постојниот ризик, Иванова вели дека нема намера да ги запре интервенциите.

- Постои ризик да ослепам и самиот орган за усни да се отстрани. Постои ризик, бидејќи е можно да се појавила дехидрираност поради инјекции на хијалуронска киселина. Се надевам дека нема да има фатални последици, затоа што секоја недела одам кај специјалист. Опасноста навистина постои, но нема да престанам со интервенцииите - изјави студентот за весникот „Бугарија денес“.

Покрај усните, Андреа има намера да го смени обликот на лицето и да го среди подбрадокот.

- За мене нема граници - рече Иванова и додаде дека сака да има најголеми гради - ако не во светот, тогаш во Бугарија. Таа вели дека веќе имала зголемување на градите, но има намера во иднина повторно да оди на операција.

Поради својот изглед, Андреа има добиено неколку покани за учество во разни емисии, вклучително и во Америка. Минатиот октомври таа рече дека е поканета да учествува во програмата во Лос Анџелес, но дека сè е одложено поради корона вирусот.

Како што вели, критиките не ја интересираат, и секој ден добива илјадници пораки од целиот свет со комплименти за усните, изгледот и стилот. Иванова додаде дека има и позитивни и негативни коментари, но дека негативните главно ги пишуваат жени.

Претходно, британскиот таблоид „Сан“ напиша дека на девојчето и е тешко да дише поради хијалуронската киселина, бидејќи нејзините усни почнуваат да ги затвораат ноздрите.

Дали е ова крај за лажната убавина? Норвешките власти од инфлуенсерите бараат да нагласат кои фотографии се фотошопирани

Новиот закон од норвешкото Министерство за деца и семејни работи бара од Инфлуенсерите и огласувачите да нагласат кои фотографии објавени на социјалните мрежи се фотошопирани. Тие се обидуваат да ги потиснат нереалните идеали на убавината.

Законот беше усвоен на почетокот на овој месец. Фотографиите на кои е сменета големината на некои делови од телото или структурата на кожата на моделот, треба да содржат ознака дизајнирана од Министерството за деца и семејни работи. Ова значи дека намалувањето на половината, зголемувањето на усните или "цртањето" се непожелни.

Ова ќе влијае само на фотографиите што се користат за промотивни цели. Сепак, законот вклучува и фотографии што ги споделуваат познати личности, односно инфлуенсери на платформи како што се Instagram, TikTok, Facebook, Snapchat и Twitter. Со други зборови, „погодени“ се оние објави од кои инфлуенсерите заработуваат.

Ова не е прв пат да се преземат мерки против нереалните идеали за убавина. Getty Images ги отстрани фотошопираните фотографии од својата база на податоци. Во 2017 година, Франција воведе закон со кој се забранува модните списанија да ги објавуваат споменатиот вид на фотографии.

"Овој закон е една од мерките против лажната убавина. Се надеваме дека ќе дадеме значителен придонес во борбата против негативното влијание што го има рекламирањето врз сите луѓе, особено врз децата и младите", рече Министерството.

Дали научниците измислија уред за слабеење или уред за тортура?

Медицински експерти од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд, во соработка со научници од Лидс во Велика Британија, смислија уред за слабеење што треба да им помогне на луѓето во борбата против дебелината.

Уредот наречен „DentalSlim Diet Control“, кој се става во устата на човекот, има магнетни компоненти кои спречуваат лицето да ја отвори устата повеќе од два милиметри, пишува Гардијан.

„Ова е првиот уред за слабеење во светот кој помага во борбата против глобалната епидемија на дебелина: интра-орална алатка која го ограничува лицето да внесува само течна храна“, објави Универзитетот во Отаго на својот профил на Твитер.

https://twitter.com/otago/status/1409330977046945798?s=20

Овој уред го ставаат стоматолозите во устата, а го поставуваат на горниот и долниот заб во задниот дел на вилицата. Многумина го критикуваа пронајдокот, споредувајќи го со средновековните уреди за тортура.

Патем, уредот бил тестиран на седум дебели жени од Нов Зеланд, кои го носеле две недели, при што конзумирале нискокалорична течна храна. Во една статија објавена во британскиот стоматолошки магазин се вели дека жените изгубиле 6,36 килограми или околу 5,1 процент од нивната телесна тежина.

Испитаниците се жалеле дека е тешко да се користи „DentalSlim Diet Control“ и дека им го отежнува животот. Од друга страна, професорот Пол Брантон од Универзитетот во Отаго рече дека оваа алатка им помага да стекнат нови навики.

Од Универзитетот во Отаго исто така изјавија дека тоа не е брз или долготраен производ за слабеење, но дека е наменет за луѓе кои треба да одат на операција и не можат да го сторат тоа додека не изгубат одреден број килограми

Дали знаете колку е часот? Задачата за учениците од Основно училиште ги збуни сите. Никој не го знае одговорот.

Учениците од основните училишта во Кина имаа задача да решат загатка што ја измачуваше целата јавност. Тоа е часовник кој има 12 различни поделби, но за да се направат работите покомплицирани, часовникот е ротиран така што не се знае колку часови покажува.

Тие велат дека 90% од луѓето дале погрешен одговор. Можете ли да го решите проблемот?

Понудените одговори се:

а) Помеѓу 3 и 4 часот

б) Помеѓу 6 и 7 часот.

в) Помеѓу 8 и 9 часот.

г) Помеѓу 10 и 11 часот

Објаснувањето и точниот одговор се во видеото долу.

https://www.youtube.com/watch?v=lcU0vVLyGPk

Бројот на милионери во светот порасна, ги има повеќе од 20 милиони

Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во 2020 година, според новите податоци објавени од консултантската куќа „Капгемини“ во вторникот.

Бројот на луѓе чие богатство вреди повеќе од милион долари се зголеми за 6,3 проценти, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на пандемија во светот, наведува Капгемини.

Вкупното богатство во сопственост на таа група на луѓе се зголеми за 7,6 проценти, на вкупно 80 трилиони долари. Големи добивки беа остварени како резултат на повисоките пазарни вредности на акциите.

Земјите со најбогати луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. 63 проценти од светските милионери живеат во овие четири земји.

Најбрз раст во 2020 година има кај супербогатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари.

Капгемини ги следи цените на акциите, сопственоста на обврзниците, алтернативните инвестиции, парите и средствата при проценка на вредноста.

Исто така, се потпира на податоци од меѓународни организации како што е Светска банка, како и на податоци од анкети на богатите и нивни финансиски менаџери. Рангирањето во голема мерка е во согласност со голем број други светски графикони на богатите објавени неодамна.

 

Дали постојат вонземјани? Еве што вели извештајот на американската влада за бројните НЛО објекти!

Американската влада во петокот во многу очекуваниот извештај објави дека нема докази за постоење на вонземјани, но истовремено признавајќи дека десетици феномени на кои сведочеа пилотите се необјасниви.

Големиот извештај на американската влада од УАП, како што сега го нарекуваат а прано беше НЛО, тврди дека воените и разузнавачките аналитичари немаат докази за да го објаснат феноменот на мистериозни летечки објекти или дали станува збор за напредни копнени технологии, атмосферски настани или вомземска природа.

Извештајот, доставен до Конгресот и објавен во јавноста, вклучува 144 опсервации за она што владата официјално го нарекува „неидентификуван воздушен феномен“ или УАП и датира од 2004 година. Извештајот е објавен од Кабинетот на директорот на Националната разузнавачка служба во соработка со работната група на УАП предводена од морнарицата на САД.

„УАП јасно го покренува прашањето за безбедноста на летот и може да претставува предизвик за националната безбедност на САД“, се вели во извештајот, додавајќи дека феномените „веројатно немаат единствено објаснување“.

- Во ограничен број на инциденти, УАП, наводно, се чини дека покажува невообичаени карактеристики на летот. Овие набудувања може да бидат резултат на грешки во сензорот, измама или погрешна перцепција на набљудувачот и бараат дополнителна ригорозна анализа.

Оваа оптичка илузија може да ви открие дали сте надпросечно Интелигентни!

Оптичките илузии може да се искористат за тестирање на разни вештини, концентрација и интелигенција, а оваа фотографија треба да ви открие доколку припаѓате на надпросечните интелигентни луѓе.

Сè што треба да направите е да го разгледате добро и да се обидете да го забележите скриениот карактер меѓу редовите.

https://twitter.com/Palavko_com/status/1409409368500625408?s=20

Иако некои веднаш го забележуваат карактерот, на други ќе им требаат неколку минути и ќе мора да се помачат за да ја препознаат формата. Ако видите карактер скриен помеѓу редовите, имате натпросечен коефициент на интелигенција.

Нереални сцени од Босфор, Супермесечината „слета“ на Истанбул

Супермесечината лебдеше над Земјата вчера, последен пат оваа година толку близу, па се чини поголема и посветла од вообичаеното. Прекрасни бајковити сцени од Супермесечината пристигнуваат од Истанбул.

Панорамата на градот на Босфорот и онака го одзема здивот, а со необична полна месечина сцената е скоро нереална.

Јунската полна месечина е најпозната како Strawberry (јагода) и таа е прва полна месечина по летната краткоденица.

Погледнете во следното видео како тоа изгледаше во Истанбул.

https://www.youtube.com/watch?v=WwGJWjADtWA

Очилата за сонце имаат Рок на Трање! Ако ги носите подолго од... ќе си го загрозите здравјето

Научниците од бразилскиот универзитет во Сао Паоло откриле дека очилата за сонце имаат свој рок на траење.

Имено, во истражувањето на нивната веб-страница се вели дека леќите, односно очилата, ја губат својата оригинална заштита од УВ зраци и повеќе не можат да ги заштитат очите од опасните зраци, поради што не е пожелно да се носи ист пар со години.

Додека носете очила за сонце, сончевите зраци постепено го оштетуваат стаклото се додека УВ-заштитата не исчезне целосно. Според истражувањето, ова се случува по само две години, што е просечна издржливост на заштитата од сонце за еден пар очила.

Затоа треба да ги менувате очилата за сонце на секои две години, а доколку имате некои скапи очила, не мора целосно да се ослободите од нив, можете да ги замените само стаклата.

Еве како изгледаше уништувањето на луксузни автомобили на Филипините

Филипинските цариници користеа багер за уништување на скапи автомобили запленети во последните две години.

Цариниците уништија 21 запленет автомобил со вкупна вредност на околу еден милион евра. Егзотични автомобили како Мекларен 620Р, Бентли и Порше 911 завршија под гасениците на багерот.

Уништени се и малку поевтините автомобили како што се Mercedes SLK, Lotus Elise и Hyundai Genesis.

Ниту 14 џипови „Митсубиши“ не ја спасија црната судбина. Според достапните информации, станува збор за увезени возила кои биле запленети од 2018 до 2020 година. Тие беа уништени во согласност со претседателската директива дека шверцуваните возила мора да бидат уништени.

 

На банкомат открила дека е милијардерка: Сака да ги врати парите, но неможе да стапи во контакт со банката

Јулија Јонковски од Флорида стана милијардер преку ноќ, најверојатно по грешка на банката, со која сеуште не успеа да стапи во контакт за да ги врати парите.

Имено, Јулија била убедена дека има околу 20 долари на својата сметка, а тие пари се обидела да ги повлече на банкомат. Сепак, издадено е предупредување дека ќе влезе во нелегален минус.

Таа се откажала од повлекување пари, но подоцна се вратила на банкомат за да ги повлече парите. Меѓутоа, кога ја проверила состојбата, таа за малку ќе се онесвестела. Наместо помалку од 20 УСД, салдото на нејзината сметка било 999.985.855,94 УСД.

Од тогаш Јулија е во паника и сака што побрзо да се ослободи од овие пари. Таа веднаш се јавила во банката за да и ги врати парите што очигледно биле уплатени на нејзината сметка по грешка, но се уште нема добиено одговор од банката.

- Се плашев. Повеќето луѓе веројатно би биле воодушевени со верувања дека добиле на лотарија, но јас бев преплашена - вели Јулија.

Таа пред новинарите раскажа како се случило сето тоа.

- Ја вметнав картичката за да повлечам 20 долари, а потоа ме известија дека ќе западнам во нелегален минус, кој банката дополнително ќе ми го наплати, и реков: „Заборави“ и се откажав - вели Јулија.

Тогаш таа вели дека решила да го провери салдото на сметката и потоа настанал шок.

- Читав приказни за луѓе на кои им се случило вакво нешто. Тие би ги повлекле парите и подоцна ќе мораат да ги вратат. Јас нема да ги подигнам овие пари, тоа не се мои пари - вели Јулија.

Меѓутоа, кога се обидела да ги врати парите, наишла на сериозни проблеми затоа што не успеала да стапи во контакт со некој од банката.

„Говорниот автомат се вклучува цело време, не можам да стапам во контакт со жива личност“, вели таа.

Никој од банката сè уште не и одговорил.

Украдени три поршеа за време на трка на олдтајмери во Италија

Традиционалната трка на олдтајмери ​​од Бреша до Рим и назад се одржа во Италија по 39-ти пат, со учество на повеќе од 370 атрактивни автомобили. За време на трката, три „порше 911“ беа украдени од центарот на Бреша.

Сенката на бајковит настан ја фрли фактот што за време на настанот, крадците не седеа со скрстени раце. Во текот на неделата, од центарот на Бреша беа украдени дури три идентични модели на автомобили „Порше 911“ од 80-тите години на минатиот век.

Полицијата трага по сторителите, а се претпоставува дека станува збор за специјализирана банда крадци, бидејќи станува збор за модел кој е многу ценет меѓу колекционерите.

Додека го чекаме извештајот на Пентагон за НЛО

Долгоочекуваниот извештај на американската влада за НЛО (неидентификувани летечки објекти) треба да биде објавен пред крајот на јуни.

Овој документ го побара Конгресот по бројните извештаи од американската армија за летачки објекти кои неправилно се движат на небото. Интересот за НЛО доаѓа по промената на цврстиот став на американската војска и политичарите дека вонземски живот не постои, пишува Би-Би-Си.

Сепак, со малку убедливи докази кои се очекуваат да потврдат какви било интергалактички посети, останува да видиме дали некој ќе се предомисли поради овој извештај.

Воените водачи предупредуваат дека постои можност технологијата, ако не е туѓа(вонземска), да им припаѓа на американските противници како Русија или Кина.

Што е познато за извештајот?

Во август минатата година, Пентагон формираше работна група за проучување на неидентификувани појави и набљудување на непознати летечки објекти.

Неговата задача е да ги „открие, анализира и класифицира“ ваквите настани, како и „да добие увид во природата и потеклото“ на НЛО, објави Пентагон.

Доверлива верзија на извештајот беше доставена до американските пратеници претходно овој месец. Неименувани извори за американските медиуми изјавија дека нема докази за вонземски активности во извештајот, но исто така не ги исклучува.

Интересно, работната група исто така утврди дека набљудуваните НЛО-а не се тајна американска воена технологија.

https://www.youtube.com/watch?v=0rJSN-MJAsw

Официјални лица проучувале повеќе од 120 инциденти од изминатите 20 години, вклучувајќи три видеа од кои Пентагон ја отстрани тајноста минатата година. Официјалниот став на Пентагон во врска со снимките е да прикаже „необјаснети воздушни феномени“.

Сошиени најдолгите панталони во светот, дали ова ќе биде Гинисов рекорд?

https://www.youtube.com/watch?v=t2tPW6QtIKM

Панталоните, долги скоро 70 метри и тешки 700 килограми, дело на швајцарски кројач, неодамна беа во трка за најголемите панталони во светот.

Кројачот Еквендекар Келес им покажа огромни панталони на жителите на градот Беромунстер во неделата, а како што истакна, му биле потребни дури осум месеци да го направи ова парче облека на машина за шиење.

Тој се надева дека ќе биде запишан во Гинисовата книга на рекорди, а доколку успее во тоа, од панталоните планира да направи 12.000 вреќи со платно, кои ќе ги донира или продаде во локалните продавници.

„Ова е можност да се подигне свеста за загадувањето со пластика на нашата планета“, рече Патрик Хуршелас, кој е поддршка на Келеш на патот до рекорд.

Келес пристигна во Швајцарија од Сирија пред 11 години и отсекогаш сонувал за овој или за сличен проект, додаваат пријателите.

За време на шиењето, тој имал помош од 50 луѓе, кои му помогнале. Материјалот за овој потфат чинеше четири илјади евра и му беше дониран на Келес од спонзор, кој сакаше да остане анонимен.

Досега, најдолгите панталони на светот беа 65,5 метри, беа исечени во Лима, Перу, а светскиот рекорд беше поставен во 2019 година.

Слон склон кон кражба - повторно влезе во истата куќа

Див слон го проби ѕидот на една куќа на југот на Тајланд и бараше храна во кујната.

Необична глетка пронајде сопственикот на куќата, кој го сними симпатичниот и повеќекратен крадец.

https://twitter.com/CBSNews/status/1407020552875917312?s=20

 

Поради начинот на кој ја запроси, девојката се тресеше од страв и плачеше

https://www.youtube.com/watch?v=vxOaT7EaOUI

Запросувањето треба да биде романтичен настан. Сепак, има различни од нас. На еден „генијалец“ му текна да ја изобличи таа идеја и се реши, благо речено, за бизарно решение!

Еве што смислил. Додека тој возеше со својата девојка во автомобилот, некои момци му тропнаа на стаклото и го „принудија“ да го паркира возилото настрана.

Потоа му се заканија, велејќи му дека ќе го претепаат затоа што му должи на нивниот мафијашки шеф 80 илјади пезоси.

Се испостави дека станува збор за претстава што му претходела на „свечениот момент“, а ситуацијата толку многу ја исплашила сиротата девојка што почнала неутешно да плаче.

Вирално видео што ќе го допре вашето срце

Вирално видео кое за време на викендот стана хит на Твитер, а зборува за хуманост, љубезност, несебичност ...

https://twitter.com/momentoviral/status/1405855641944702978?s=20