Во Шангај отворен највисокиот хотел на светот: Најевтината ноќ чини 557 долари

Фото: Screenshot / YouTube

Највисокиот хотел во светот беше отворен во Шангај на 19 јуни, а беше именуван како J Hotel Shanghai Tower.

Сместен е на надморска височина од 632 метри, сместен е во највисоката зграда во Кина. Има 165 луксузни соби, од кои 34 се апартмани.

Најскапиот апартман се вика „Шангајски апартман“ и се простира на 380 квадратни метри. Покрај спалната соба, има и салон, работна соба, кујна, простор за физиотерапија и простор за облекување.

Најевтината ноќ чини 557 долари, додека ноќта во „Шангајскиот апартман“ чини 10.467 долари. Има седум ресторани, од кои едниот се наоѓа на 120-от кат. Меѓу другото, во рестораните се служи јапонска и италијанска храна.

Хотелот е дел од еден од најголемите кинески хотелски ланци наречен Jin Jiang International. Ланецот е во сопственост на државната комисија за надзор и управување.

И покрај фактот дека пандемијата значително влијаеше на туризмот, ширум светот се одржува трка во тоа кој ќе го направи најдобриот и највисокиот хотел, пишува Си-Ен-Ен.