Петте најпосакувани бои за летото 2021

Нема правила и сè е дозволено, а во смелите модни игри, наш сојузник ќе бидат боите што експертите ги нарекуваат најпосакувани за претстојната летна сезона. Пренесете ги пастелните нијанси на задниот дел од плакарот, а однапред извадете ги сите парчиња во светли нијанси, бидејќи тие ќе владеат ова лето.

Сина

Изберете топли и светли нијанси како ултрамарин или сина кобалт. За разлика од неутралната темносина боја, која често служи како основа за пристојна комбинација, овие нијанси се многу впечатливи и ќе ја направат секоја комбинација ефективна.

Жолта

Експертите ја нарекуваат боја на среќа, оптимизам, топлина и надеж. Во моменти кога сакате да се чувствувате подобро, изберете жолти парчиња облека кои веднаш ќе го подобрат вашето расположение. Наместо бледи и светли нијанси, модните експерти за оваа сезона ги препорачуваат најефикасните како т.н. канарско жолта.

Портокалова

Скоро нема поефикасна и похрабра боја од портокаловата. Без оглед која нијанса на портокалова боја ќе ја одберете, ќе ја освежите вашата комбинација, но играјте со највпечатливите нијанси ова лето.

Фуксија

Една од најинтересните розови нијанси е таканаречената фуксија. Светла, пријатна и смела - фуксија веднаш ве става во центарот на вниманието, без оглед дали носите само еден детал во таа нијанса или смело одбравте неколку парчиња облека.

Зелена

На видливиот спектар на бои, помеѓу сината и жолтата, лежи една од најубавите бои - зелената. Таа е симбол на природата, нејзино обновување и растење, а погледот кон неа создава чувство на смиреност кај нас. Оваа летна сезона ставете парче облека или додаток во боја на детелина или зелен грашок во вашата гардероба.